Закочен проектот „Арамиска Чешма“

Bez autora
Jan 18 2012

Проектот „Арамиска Чешма“ со кој треба да се изградат повеќе мали акумулации на Осоговските Планини и има економско, еколошко и туристичко значење за источниот регион на државата никако да почне да се реализира. Проблем се парите. Регионот не е во состојба да обезбеди 100.000 евра за изработка на главен проект. За проектот кој ги опфаќа општините Кочани и Пробиштип веќе постои физибилити-студија со идејни решенија. Малите акумулации се основа за сите натамошни активности во делот на водоснабдувањето, наводнувањето, заштитата од наноси и поплави, сточарството и развојот на туризмот и риболовот. Со проектот се опфатени туристичката населба Пониква, селата Нивичани и Пантелеј, во чиј атар има квалитетни ниви на кои им треба наводнување, а тука се и природните пасишта и ловиштето "Полаки".

Закочен проектот „Арамиска Чешма“Проектот „Арамиска Чешма“ со кој треба да се изградат повеќе мали акумулации на Осоговските Планини и има економско, еколошко и туристичко значење за источниот регион на државата никако да почне да се реализира.

Проблем се парите. Регионот не е во состојба да обезбеди 100.000 евра за изработка на главен проект. За проектот кој ги опфаќа општините Кочани и Пробиштип веќе постои физибилити-студија со идејни решенија. Малите акумулации се основа за сите натамошни активности во делот на водоснабдувањето, наводнувањето, заштитата од наноси и поплави, сточарството и развојот на туризмот и риболовот.

„Со проектот се опфатени туристичката населба Пониква, селата Нивичани и Пантелеј, во чиј атар има квалитетни ниви на кои им треба наводнување, а тука се и природните пасишта и ловиштето ’Полаки‘. Од исклучително значење е фактот дека со овој проект ќе се обезбедат доволни количини вода за комплетно снабдување на туристичката населба, бидејќи таа постојано се шири со нови угостителски објекти и викендички. Всушност, генералната проекција за овој наш туристички центар е во идните десетина години да може да прифати 4.000 лица, а првиот услов за такво нешто е тој да се обезбеди со вода која во моментов ја нема доволно. Треба да се знае дека Пониква е најзначајниот летен и зимски туристички центар во нашиот регион“, вели Ратко Димитровски, претседател на Источниот плански регион и градоначалник на Кочани.

Тој вели дека за финансирање на главниот проект се обратиле до меѓународни институции, а некои од нив покажале заинтересираност да го помогнат проектот чија реализација ќе значи изградба на мали акумулации со капацитет од 300.000 кубни метри вода.

Моменно на Пониква има комерцијални сместувачки капацитети за 200 лица и над 50 викендички, додека направената анкета во двете општини Пробиштип и Кочани покажала заинтересираност на повеќе од стотина граѓани да добијат локации за изградба на куќички за одмор.

И Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип, тврди дека реализацијата на проектот „Арамиска Чешма“ е од капитално значење за развојот на туризмот во општината. Според него, туризмот е гранка која, покрај рударството и акумулаторската индустрија, дава надеж за нов развоен импулс на општината. Тоневски смета дека овој дел на Осоговијата е создаден за туризам во текот на целата година, но и посочува дека проблем се парите за да може еден таков природен потенцијал да се стави во функција.

„Туристичката населба ’Пониква‘ со 80 проценти е на територијата на нашата општина, но ние на овој проект му приоѓаме од регионален аспект. Наш најголем проблем е недоизграденоста на патот од општинскиот центар до населбата. Остана една делница од 10 километри од селото Шталковица до туристичката населба, која чека на целосна финансиска поддршка од државата. На тој потег има езерце, неколку реки и потоци и оттука нашата студија за изградба на мали акумулации, бидејќи целиот тој простор има недостиг од вода. Ако успееме да го реализираме овој проект, тоа ќе значи дека сме обезбедиле и вода за напојување на најмалку 900 грла добиток“, вели Тоневски.

Источниот регион е простор во кој, според сите анализи, државата најмалку вложува. Истокот важи за најнеразвиено подрачје во Македонија. Оттука регионот се надева на значително посериозна финансиска поддршка од Бирото за регионален развој за поголем дел од регионалните проекти, меѓу кои е и „Арамиска Чешма“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik